Невообичаената ситуација се случи синоќа за време на изведувањето пенали на меч од ФА Купот на Англија меѓу Вејмаут и Јеовил Таун. Имено, во едне од решавачките пенали за тоа кој ќе продолжи во следната рунда, топката по шутот на еден од играчите на гостите место во голот, заврши во главата на стјуардот кој стоеше зад голот. Видеото стана хит на интернет.
Инаку, Вејмаут и Јеовил Таун, тимови од петтата лига во Англија, во регуларниот дел мечот го завршија без победни 1:1, по што мораше да решаваат пеналите. На крајот и покрај овој смешно изведен пенал, играчите на Јеовил Таун беа подобри и обезбедија место во следната рунда.
This penalty is brilliant. #ytfc pic.twitter.com/cFOAsvfjJq
— James Healey (@Jimmer84) October 20, 2021