Стив Брус доби отказ во Њукасл и тоа неколку дена по својот прв и единствен меч од доаѓањето на новите сопственици од Арабија. Тоа беше неговиот јубилеен 1000 меч, па потоа доби отказ. Она што се шкекулираше во јавноста се оствари. Во интервју за британски „Телеграф“, Брус ја отвори душата и раскажа за тоа како бил третиран на „Сент Џејмс Парк“.
„Ова може да е моја последна работа. Но не се работи само за мене. Сето ова се одразува на мојата фамилија, затоа што моите се од овој крај и не можам тоа да го игнорирам. Загрижени се за мене, посебно мојата сопруга. Нејзините не се добри со здравјето, а сега ќе мора да се грижи за мене. Беше многу, многу тешко во Њукасл. Не почувствував дека навистина ме сакаат како тренер. Како да сакаа да не успеам. Ми зборуваа дека сум пропаст, дека сум бескорисен, дека сум вишок во клубот… дека сум тактички бескорисна глава на зелка“, рече меѓу другото Брус кој е поранешен тренер на Астон Вила, Хал, Шефилд Венздеј, Сандерленд, Виган, Бирмингем, Кристал Палас…