Арбитражата на фудбалските терени со оглед на врната постоечка технологија во денешно време е да речеме на највисоко можно ниво, но сепак, во понискиот ранг на натпреаврувања сеуште може да се сретне некоја судиска лакрдија, која што потоа ќе биде емитувана и прикажувана со предзнак како не треба.
Е овојпат, ваквиот пример ни доаѓа од Хрватска, каде што во второлигашката конкуренција на мечот Кроатија и Рудеш гостите се „осакатени“ од страна на судиската тројка, која по мечот според информациите е комплетно суспендирама. Уверете се сами во судиските „глупости“ и во она што се нарекува фудбалска „кражба“ во класичен пример.