Костадинов во тимот на колото во Словачка

108

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов се најде во тимот на колото по одиграната 11. етапа во шампионатот на Словачка. Членот на Ружомберок беше стрелец во ремито на неговиот тим на гостувањето кај Похроние од 22. и со тоа беше задржано одличното трето место засега на табелата.

Ружомберок, а нормално и Костадинов во моментов се наоѓаат во одлична форма, што се гледа и по резултатите, односно минутажата на играчот за врска, како во клубот, така и во нашиот национален тим каде што Костадинов ужива полна доверба од страна на селекторот Благоја Милевски.

 

ПретходноИнфантино со писмо ги известил сите федерации за промена на календарот од 2026 година
СледноБрилијантен пенал: Промаши цел гол, ама го погоди дечкото од обезбедувањето во глава (ВИДЕО)