Кога беше најпотребно очигледно дека тимот на Македонија ЃП се исправи пред предизвикот и успеа да слави на тежок терен. Да ја надмине резултатската и пред се играчка криза, да обезбеди позитивен резултат и да мине натаму во купот на Македонија.
Им беше потребно ова на „Лавовите“. По серијата очајни игри во домашниот шампионат, тренерската смена, доаѓа денешниот пласман во 1/4 финалето од националниот куп. Совладана е Академија Пандев среде Струмица по подоброто изведување на пеналите, а „Лавовите“ секако не пропуштија да го овековечат овој момент со фотографија која ќе означи крај на една црна серија сезонава, и почеток на една позитивна.