Манчестер Јунајтед направи неверојатен пресврт на мечот со Аталанта на домашен терен. На полувреме „Ѓаволите“ губеа со 0:2, а во второто полувреме го свртеа резултатот во своја корист. Победија со 3:2 со головите на Рашфорд, Мегваер и Роналдо.
Дефанзивецот Мегваер зборуваше за мечот:
„Во првото полувреме наивно примивме два гола. Тие не фатија неспремни при првиот, а потоа ни дадоа уште еден по прекин. Моравме да реагираме подобри при тој гол. Направивме многу шанси во првиот дел и кога дојде полувреме знаевме дека следниот гол ќе биде решавачки. Постигнавме гол, го намаливме резултатот и некако натаму одеше полесно. Точно не е лесно да се направи пресврт, но ние успеавме во тоа. Јас дадов еден гол што е мој прв сезонава и во ЛШ. Горд сум што и мојата фамилија беше на стадионот и го виде овој неверојатен натпревар. Покажавме единство во второто полувреме, а навивачите кои ни аплаудираа кога излегувавме на теренот ни ја кренаа самодовербата и практично не водеа до победата.
Напорно работиме да се подобриме, а штета што на последните три – четири натпревари примаме голови од прекин. Мораме да најдеме начин да го решиме тој проблем“, изјави Мегваер.