Ја загуби битката со короната: Почина легендарниот голман Драган Пантелиќ!

1132

Тажни, ужасни вести доаѓаат утринава од Србија. Драган Пантелиќ (69), легендарниот репрезентативен голман на екс – СФРЈ почина во болница во Ниш и тоа како последица на коронавирусот. Легендата на Раднички Ниш во свое време беше еден од најдобрите голмани на овие простори, беше член на екс – СФРЈ на СП во Шпанија 1982, беше љубимец на фудбалските фанови ширум некогашна Југославија.

Пред два дена неговата состојба се влоши, беше вклучен на респиратор, но сепак битката со короната не успеа да ја добие.

Легендарниот Пантелиќ не успеа да го “одбрани“ најважниот пенал во својот живот.

ПретходноОдредени двојките за ракометниот Куп на Македонија, Вардар слободен на стартот
СледноЛидерите на европската Суперлига имаат нов план за старт на натпреварувањето!