Кајри Ирвинг и натаму е во центарот на вниманието. Поради неговата одлука да не се вакцинира тој нема да настапи во дресот на Бруклин, кој пак му забрани да биде дел од тимот.
На адресата на НБА-ѕвездата стигнаа бројни критики, една од нив доаѓа од легендарниот кошаркар Чарлс Баркли.
„Прво се вакцинираш поради себе, поради своето семејство, па на крајот поради своите соиграчи. Тоа е најмногу што ми смета. Мислам дека треба да се вакцинира“, изјави Баркли, кој исто така има примено две дози на вакцини.
Тој ја поддржува одлуката на Бруклин за отстранување на Ирвинг од тимот.
„Горд сум на одлуката која ја донесоа и на тоа што потенцираа дека нема да го сменат својот став. Единствено што ми падна во очи е дека ќе заработи 17 милиони долари, а ќе седи дома“.
Бруклин на првиот меч оваа сезона згуби од Милвоки, а Ирвинг не бе ниту во салата.