ЛЕ: Елиф и Наполи со прва победа, Монако во финишот славеше кај ПСВ (ВИДЕО)

258

Наполи на Елиф Елмас, конечно, ја обезбеди првата победа во Лигата на Европа. Во мечот од 3. коло, Наполи пред домашна публика славеше со 3:0, а отпорот на гостите беше скршен дури во финалните 15 минути.

Лоренцо Инсиње погоди во 76. минута за предност од 1:0, а само 4 минути подоцна, Осимен зголеми и на 2:0. Последниот гол беше дело на Политано во судиското надополнување. Елиф беше стартер во составот на наполитанците и го одигра комплетниот меч.

ПСВ и Монако во второто дерби вечерва одиграа возбудлив меч кој беше решен во 90. минута. Гостите благодарение на голот на Диоп во самата завршница дојдоа до победа од 2:1 и избија на врвот на табелата во групата со 7 освоени бода.

Најмалку проблеми имаше Вест Хем кој со убедливи 3:0 го совлада Генк.

ЛИГА НА ЕВРОПА

3-КОЛО

ГРУПА А

Ренџерс – Брондби 2:0

Спарта (П) – Лион 3:4

ГРУПА Б

ПСВ – Монако 1:2

Штурм – Реал Сосиедад 0:1

ГРУПА Ц

Наполи – Легија 3:0

ГРУПА Д

Фенербахче – Антверпен 2:2

Ајнтрајхт (Ф) – Олимпијакос 3:1

ГРУПА Е

Лацио – Олимпик (М)  0:0

Локомотив М. – Галатасараj 0:1

ГРУПА Ф

Мидтјиланд – Ц. Звезда 1:1

Лудогорец – Брага 0:1

ГРУПА Г

Бетис – Баер (Л) 1:1

ГРУПА Х

Рапид (В) – Динамо (З) 2:1

Вест Хем – Генк 3:0

ПретходноЕден меч од француската Лига 1 ќе се игра во Кина?
СледноКЛ: Партизан минимално поразен од Гент во Белград