Попладнево шпански „АС“ лансираше навистина голема “бомба“. Имено според еден од највлијателните весници во таа земјам Барселона му нуди или имала намера да му понуди на Килијан Мбапе, мега – ѕвездата на ПСЖ, дури 90 милиони евра само за потпис и со тоа да го “расипе“ најавениот транфер на Мбапе во Реал Мадрид кој треба да се случи на лето. Познато е дека “кралевите“ му нудат 50 милиони евра за потпис на еден од најдобрите фудбалери во светот, во моментов можеби и најдобар. Секако оваа понуда на Барса е мегаломанска, ако се знае во какви финансиски проблеми се наоѓа каталонската гордост во последно време.
Сепак фановите Барса може да сонуваат, тоа не им е забрането.