Поглед на табелата во групата А: Мешков Брест уште е на нула, нов пад на Вардар

806

Петото коло во групата А во Лигата на шампионите е комплетирано. Дефинитивно до крајот на групната фаза ќе биде интересно, нема сигурни победи, ниту сигурно водство, тоа најдобро се покажа на вчерашната средба меѓу Кил и Пик Сегед, бубндес-лигашот водеше со седум гола разлика, но гостите на крајот успеаја да се изборат за бод.

По пет одиграни меча, Алборг има најдобар скор, четири победи и еден пораз, се наоѓа на првото место со осум бода, зад него Монпеље и Кил со седум бода, по што следуваат Пик Сегед и Елверум со шест освоени бодови.

Шестата позиција му припаѓа на Вардар 1961, двата порази го сминаа место подоле. Сепак ситуацијата не аларматна, има шанси за ново издигнување за остварување на сонот и главната цел пласман во следната фаза во ЛШ.

Најочајни тимови се ППД Загреб предводен од поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван и Иван Чупиќ. Имаа само еден бод во пет одиграни натпревари.

Дното на групата А му припаѓа на Мешков Брест, белорускиот состав нема освоено ниту еден бод, зад неговото име стои „нула“, што го прави единствен во досегашниот дел од сезоната.

Вардар 1961 нема наклонет распоред како на почетокот, пред репрезентативната пауза го пречекува Кил, уште еден тежок меч.

ПретходноНагелсман има корона и покрај двете вакцини
СледноРоналдо: Живи сме….Ова е Манчестер Јунајтед и никогаш не се откажуваме