Познат судијата за неделното „Ел Класико“, со него Барса има три победи, Реал само една

199

Најголемото дерби во Шпанија, популарното „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, кое ќе се одигра оваа недела, ќе го суди 38-годишниот судија Хозе Марија Санчез Мартинез.

Ова ќе биде негово петто „Ел Класико“. На средбите кои досега ги судеше, Барселона остварила 3 победи, Реал само една, а еден меч под негово водство завршил нерешено.

Долгоочекуваниот меч ќе се одигра на „Камп Ноу“ во недела на 24 октомври во 16:15 часот.

ПретходноМилионер ЏЕК ПОТ за пет дена донесе над три милиони денари во Тетово
СледноБарса го урна ПСЖ на Раул Гонзалес