Секуловски: Ма, каква Европа, да не “летаме“ многу!

3036

Брегалница по 10.коло во ПМФЛ се наоѓа на 4.место на табелата со три бода помалку од третата Академија Пандев. Брегалница вчера со триумфот над Охрид, успеа да се пласира во 1/4 финалето во Купот на Македонија.

Во фудбалската јавност во Штип, полека, но сигурно веќе се говори за тоа дека оваа сезона Брегалица би можеле да испише клупска историја и на лето за првпат да игра во фудбалска Европа.

Ма, каква Европа, ајде да не `летаме` многу“ директен е стратегот на“сините“ Марјан Секуловски на прашањето што му го постави „Спортмедиа“ околу тоа дали Брегалница ја “мерка“ Европа и продолжи.

Рано е уште. Нас приоритет сезонава ни е да избориме опстанок. Видете што се случива после секое коло, има големи подеми и падови на табелата, премногу се израмнети клубовите. Јас многу добро знам каде сме на табелата, но ќе видиме во мај што сме направиле. Ниту на сон сега за сега не помислувам на Европа“ посочува Секуловски.

Во недела, во меч од 11.коло, Марјан Секуловски му оди на “својот“ Пелистер.

Морам да признам дека секогаш кај мене ќе има емоции кон Пелистер. Јас сум битолчанец и многу добро знам дека цела Битола во недела ќе биде против мене. Сепак, јас сум професионалец и ќе се обидам заедно со сите во екипата на Брегалница во недела да дојдеме до позитивен резултат. Знам дека ќе биде тешко, Пелистер има добар тим, игра добро и не го заслужува ова место на табелата“ заврши тренерот на штипскиот прволигаш.

Претходно„Баделки“ повторно поразени во јадранската лига
СледноМилионер ЏЕК ПОТ за пет дена донесе над три милиони денари во Тетово