Со лажен ковид пасош пробал да заигра во НХЛ

96

Огромен скандал ја потресе најсилната хокеарска лига во светото НХЛ. Во неа како и во останатите професионални лиги во САД, донесени се строги ковид правила и протоколи и сите мора да се придржуваат кон нив.

Но, членот на Сан Хозе Шаркс, Евандер Кане се „направил паметен“ па решил во клубот да се појави со лажен ковид пасош да приени дози на вакцини.

Нормално бил фатен во обидот да измами и веднаш е суспендиран од страна на клубот но секако и од страна на лигата.

Нема да смее да настапи на 21 меч кои се по распоред на тимот, а клубот ќе го казни и со три месечни примања во вкупна вредност од 1.6 милиони долари.

 

ПретходноСудии за ПМФЛ: Грујоски ќе ја дели „правдата“ на мечот Шкендија – Работнички
СледноМосква десет дена без спорт