Ждрепката за плеј – офот во Европа, за пласман на СП во Катар 2022 година, ќе се одржи на 26 ноември. На овој датум ќе се знаат турнирите на кои ќе играат репрезентациите кои ќе си ја бараат својата шанса за пласман на Мундијалот во Катар.
Секако дека и покрај поразот од Германија, нашата репрезентација се уште има шанси, макар тие биле и теоретски да стигне до втората позиција во групата Ј во квалификациите за Катар 2022.
Инаку досега свој пласман на завршниот турнир го обезбедија само Германија, Данска и домаќинот Катар.
Додека ждрепката за самиот Мундијал ќе се одржи на 1 април, а некој ден претходно ќе бидат познати и шеширите. И овојпат, како што тоа беше случај на последното СП, ранг-листата на ФИФА ќе биде решавачка за тоа која репрезентација, учесник на Мундијалот, од кој шешир ќе ја чека ждрепата.
На крај да кажеме дека СП во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември следната година.