Вардар 1961 не успеа да се врати на победничките патеки, на тешкото гостување кај Алборг беше поразен со 33-29 во рамките на петото коло во Лигата на шампионите. Актуелниот македонски првак го запиша вториот пораз, има едно реми и две победи.
Кевин Њокас го „замени“ Тимур Дибиров во вториот дел, постигна седум погодоци. Според него „црвено-црните“ ја немале потребната дисциплина во играта, но тој не гледа „црно“, верува дека ќе бидат подобри.
„Одигравме добар меч во добра атмосфера. За жал, заминавме во соблекувална со негатива, примивме шест гола во низа. Знаеме дека тимот е нов и на терен ни беше потребна поголема дисциплина. Но, знам дека ќе бидеме подобри“, изјави Њокас.
Вардар 1961 мора да се собере, бидејќи следен противник е Кил, кој гостува во Скопје.