Алегри: Лоша игра, но добар резултат

109

Тимот на Јувентус синоќа потешко од очекувањата дојде до трите бода против екипата на Зенит во рамките од Лигата на Шампионите синоќа. Минималниот триумф од 0:1, е дело на Дејан Кулушевски, а тренерот на Јуве, Макс Алегри е свесен за аномалиите во играта, како на колективен план, така и на индивидуален.

„Мечот беше важен и добро е што победивме. Зенит добро се бранеше, а во последната третина направивме многу грешки. Дејствувавме премногу бавно и им дозволивме на домаќините опасно да не нападнат преку контра напади“, изјави Алегри па додаде. 

„Дури и откако го преземавме водството, не го контролиравме натпреварот онака како што треба. Дефинитивно одигравме слабо, но резултатот е добар и не става во одлична позиција. Се надевам дека ќе одиграм добро викендот и повторно ќе победам, ова ќе биде совршена комбинација “, продолжи тренерот на Јувентус пред дербито со Интер.  

Кулушевски е репрезентативец на Шведска, но нема многу натпревари во Лигата на шампионите. Тој треба да научи кога да го забрза темпото и кога да го забави. Неговиот талент е неоспорен, само треба да носи правилни одлуки во индивидуални ситуации“, изјави Алегри.

ПретходноРоналдо: Живи сме….Ова е Манчестер Јунајтед и никогаш не се откажуваме
СледноРоналдо официјално со најголем број настапи во Европските купови