„Баделки“ повторно поразени во јадранската лига

217

Кошаркарките на Бадел 1862 претрпеа нов пораз во женската јадранска ВАБА лига. На својот трет настап пред својата публика во салата „Независна Македонија“ вечерва се поразени од екипата на Пожега со 84:60.

Победнкот на вечерашниот дуел во Скопје го одлучи првата четвртина. Првите 10 минути во кои гостинките од Хрватска направија двојна предност. Имаа двојно повеќе дадени 24 од примени поени – само 12.

Трајчевска со 16 и Димова со 13 поени беа наиефикасни кај Бадел.

Следниот, петти натпревар во сезоната, кој е дел од групата „Б“, македонскиот вицешампион го игра на 27. октомври во Белград против екипата на Партизан.

ПретходноКузмановски со пет погодока за втора победа на Хановер
СледноСекуловски: Ма, каква Европа, да не “летаме“ многу!