Бадел по нова јадранска радост

109

Бадел 1962 денеска (19 часот), на домашен терен ќе има шанса да дојде до втората победа во женската јадранска лига. По триумфот над Бановиќи, кошаркарките на македонскиот вицепрвак поинаку гледаат на ова натпреварување, па токму затоа мотивот да се дојде до нова клупска историја е голем.

Тренерот Перо Стамески вели дека се чувствува заморот поради забрзаното темпо на одигрување на мечевите, но тоа нема да биде пречка за да одиграат уште еден одличен натпревар.

„Не очекува уште еден тежок натпревар против екипата на Пламен Пожега, која во свите редови има многу квалитетни кошаркарки, на сите позиции,особено на центарските. Пеколниот ритам на натпревари, среда-сабота, и честите патувања, придонесоа и за одреден замор на екипата, но секако сум убеден дека девојките се крајно мотивирани и дека ќе дадат се од себе да стигнеме и до втората победа во лигата, а со тоа значително да ги зголемиме шансите за пласман помеѓу првите четири екипи во нашата група“, изјави пред мечот Перо Стамески. 

ПретходноЊукасл тргна по првото засилување, подготви двојно поголема понуда од неговата вредност!
СледноФФМ организираше тренинг капм за судии според највисоките УЕФА критериуми