БОМБА во најава: НБА лигата сака да создаде нова Евролига, т.н. НБА Европа!

256

Шпанска „Марка“ вечерва пишува дека НБА лигата го известила првиот човек на Евролигата, Џорџо Бертомеу дека има намерата да создаде ново клупско натпреварување во Европа кое би започнало можеби и следната сезона

Пред два дена, каталонскиот „Мундо Депортиво“ ексклузивно објави дека кошаркарската Евролига е во тешка ситуација и дека некои клубови се подготвени да и го свртат грбот и да се вратат на натпреварите на ФИБА.  Денеска мадридскиот весник тврди дека Американците, во договор со ФИБА, се движат кон создавање на НБА Европа. Тоа практично значи дека Евролигата би заминала во историјата како што ја знаеме сега.

Планот на Американците е да направат сосема ново натпреварување. По НБА лигата, женската ВНБА лига, Развојната Г лига и НБА Африка, НБА Европа би била петтото натпреварување под покровителство на НБА организацијата.

Првиот човек на НБА лигата, Адам Силвер, веќе испратил писмо до Џорџо Бертомеу во седиштето на Евролигата, во кое ја истакнува намерата да создаде своевидна европска дивизија во која би играле некои од најдобрите европски клубови. Наводно, тој веќе контактирал со некои од незадоволните и го добил нивното зелено светло за да започне креирање на ново натпреварување. Ова не е првпат да се зборува за создавање на НБА дивизија во Европа, со оглед на тоа што приказната беше актуелна и во 2012 година.

ПретходноТимур испишува историја: 1000 гола во „црвено-црниот“ дрес!
СледноНеверојатно: Барса му нуди на Мбапе 90 милиони евра само за потпис!