Во меч од 3.коло во квалификациската група -Д за пласман на СП, женската репрезентација на Македонија ја “торпедираше“ домашната селекција на Летонија и тоа со 4:1, и тоа среде Рига. Одличен меч одиграа избраничките на селекторот Кирил Изов, апсолутно заслужена победа на Македонија, и тоа прва во групата. И тоа каква победа.
Инаку серијата ја отвори Рочи уште во 9.минута. И потоа се бепе полесно за нашата женска репрезентација. Наташа Андоново набргу, во таа 28.минута срелаше за удвојување на водството. И покрај тие 2:0 или 0:2 Македонија продолжи да игра добро, да ги диктира настаните на теренот. Се редеа шанси пред селекцијата на Летонија.Сепак во 30.минута домашната селекција успеа да намали на 2:1.
Но тоа во ништо не ги поремети нашите фудбалерки.
На почетокот од второто полувреме, во таа 51.минута Максути се запиша во листата на стрелците за 3:1, а Андонова со нов гол зголемува на 4:1, и тоа во таа 63.минута од пенал.
Како што рековме ова беше прва победа за Македонија во третиот квалификациски меч во групата, додека за Летонија беше трет пораз.
Секако дека по двата убедливи порази од Англија и Австрија на стартот од овие квалификации, оваа победа доаѓа како големо охрабрување пред претстојните мечеви за избраничките на Изов.