Македонскиот репрезентативец, Џејкоб Вајли и Подгорица дојде до првата победа во новото издание на Еврокупот, откако на гостувањето кај Улм Ратиофарм славеа со 86:79.
Во центарот на вниманието на овој меч се најде токму Американецот со македонски пасош, беше лидер во редовите на својот тим. Реализираше 16 поени, со одлична реализација во шутот од поле (7/11 за два) и максимални 2/2 од линијата за слободни фрлања. А освен тоа додаде и три скока како стартер во тимот на Александар Џикиќ.
До триумф дојде и македонскиот стратег, Емил Рајковиќ. Тој во ФИБА Еврокупот, неговиот Сатаров ја совлада Реџина со 91-84 за втора победа во ова натпреварување.