Браво за македонските репрезентативки, за нашите најдобри фудбалерки. Имено доцна попладнево во меч од квалификациите за СП, избраничките на Кирил Изов со 1:4 ја победија домашната селекција на Летонија, и тоа среде Рига.
Секако дека радоста беше голема, и поради резултатот, но и поради добрата игра.
По мечот, секако, следуваше победничко селфи од Рига.
Да се паметат овие Летонија – Македонија 1:4.