Ждрепката за 1/4 финалето во Купот на 2 ноември!

1105

Како што дознаваме, ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија, ќе се одржи на 2 ноември. Додека самите натпревари како што е познато ќе се одиграат на 24 ноември.

Вчера се играа осуммте осминафиналиња, а пласман во следната фаза обезбедија екипите на Струга ТЛ, Македонија ЃП, Шкендија, Вардар, Брегалница, потоа актуелниот бранител на трофејот, тимот на Силекс, Пелистер и Шкупи. Значи во оваа фаза се пласираа само два второлигаши, Вардар и Силекс.

Некогаш, во оние добро стари времиња кога Шкендија и Вардар биеја битка за тоа кој ќе биде фудбалски владател на Македонија, од 2014 па до 2020, во неколку наврати ждрепката сакаше овие две екипи силите да ги одмерат токму во оваа фаза. Да видиме на 2 ноември дали историјата ќе се повтори.

ПретходноБраво девојки: Македонија ја “растури“ Летонија среде Рига!
СледноШто се случи во Струга!? Христов замина, но некој „загина“!