Куман: По оваа победа се е можно понатаму

120

Екипата на Барселона добро одигра вчера во рамките од Лигата на Шампионите. Обезбеди победа против Динамо Киев на домашен терен од минимални 1:0, што беше клучна поради бодовите на контото. Сега полесно се дише на Ноу Камп, а тренерот Куман кој е под огромен пристисок вели дека работите одат во посакуваниот правец.

„Овој успех ги одржува нашите шанси за понатаму во Лигата на Шампионите и се е можно.  Сепак, моравме да го завршиме натпреварот многу подобро. Моравме да победиме со 3-0 или 4-0, не смееме да правиме такви грешки. Секогаш е полесно да се оди на Ел Класико со победа претходно, отколку ако загубиш“, изјави Куман по натпреварот на „Камп Ноу“. 

“На Ансу Фати уште му недостасуваат некои работи, но тоа е нормално. Да не заборавиме дека тој отсуствуваше долго време. Потребен му е период да се развие. Овој месец ќе наполни 19 години. Не може во еден момент тој да надомести се што недоставува со заминувањето на Меси “, рече тренерот на Барселона

ПретходноАнсу Фати и официјално верен на Барселона
СледноЃорческа ја победи Шиникова се пласира во 1/2 финалето на турнирот во Севилја!