Мурињо го кажа својот став за Њукасл

455

Њукасл под водство на новите газди сака да направи тим за големи достигнувања, а тренерското место да му го довери на некое звучно и искусно име. Со оглед на парите со кои располагаат, првите луѓе на премиер-лигашот мислат дека лесно ќе ги привлечат сите.

Жозе Мурињо е едно од имињата кое се најде на листата на желби на Њукасл, но португалскиот стручњак нема намера да си замине од Рома, барен засега, тоа го потврди јавно.

„Работа во Њукасл? Одлучив да остана во Рома. Нема да го напуштам клубот, имаме заеднички проект на три години, не сакам да ги напуштам своите играчи“, изјави Мурињо.

ПретходноШоу на стартот на сезоната: Јокиќ како молња, Крис Пол немоќен (ВИДЕО)
СледноНајголемиот фан на Јунајтед од Македонија сведок на пресвртот на „Олд Трафорд“: Ќе „умрев“!