Најголемиот фан на Јунајтед од Македонија сведок на пресвртот на „Олд Трафорд“: Ќе „умрев“!

1966

Манчестер Јунајтед вчера по голем пресврт славеше против Аталанта во рамките на Лигата на шампиони со 3-2. Од „Олд Трафорд“ доаѓа интересна фотографија. Најголемиот фан на Манчестер Јунајтед од Македонија од лице место го проследи пресвртот.

Станува збор за скопјанецот Александар Зелениковски – Зелен, еден од основачите на фан-клубот на Јунајтед во Македонија. Тој е постојано во контакт со навивачите на премиер-лигашот, беше организатор на фан-зоната на фановите на Јунајтед за Супер-купот против Реал Мадрид кој се одигра во Скопје.

Тој за СПОРТМЕДИА ги пренесе своите импресии.

„Вакво нешто не се повторува дефинитивно. Нема подобро чувство да го гледаш својот тим од лице место. Бев сведок на еден неверојатен натпревар, искрено ќе „умрев““, ни изјави Александар.  

ПретходноМурињо го кажа својот став за Њукасл
СледноИ Баркли се огласи за Ирвинг, испрати остра порака