Неверојатно: Барса му нуди на Мбапе 90 милиони евра само за потпис!

224

Попладнево шпански „АС“ лансираше навистина голема “бомба“. Имено според еден од највлијателните весници во таа земјам Барселона му нуди или имала намера да му понуди на Килијан Мбапе, мега – ѕвездата на ПСЖ, дури 90 милиони евра само за потпис и со тоа да го “расипе“ најавениот транфер на Мбапе во Реал Мадрид кој треба да се случи на лето. Познато е дека “кралевите“ му нудат 50 милиони евра за потпис на еден од најдобрите фудбалери во светот, во моментов можеби и најдобар. Секако оваа понуда на Барса е мегаломанска, ако се знае во какви финансиски проблеми се наоѓа каталонската гордост во последно време.

Сепак фановите Барса може да сонуваат, тоа не им е забрането.

ПретходноБОМБА во најава: НБА лигата сака да создаде нова Евролига, т.н. НБА Европа!
СледноЛЕ: Ристовски и Динамо (З) поразени во Виена, Ц. Звезда непоразена и во Данска