Најголемото дерби во Шпанија, популарното „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, кое ќе се одигра оваа недела, ќе го суди 38-годишниот судија Хозе Марија Санчез Мартинез.
Ова ќе биде негово петто „Ел Класико“. На средбите кои досега ги судеше, Барселона остварила 3 победи, Реал само една, а еден меч под негово водство завршил нерешено.
Долгоочекуваниот меч ќе се одигра на „Камп Ноу“ во недела на 24 октомври во 16:15 часот.