Промена на термините: 12 и 13 коло во ПМФЛ повторно ќе се игра во сабота!

676

Оваа есен како да се навикнавме на промени во термините за одигрување на натпреварите во ПМФЛ. Па така 12 и 13 коло, повторно место во недела, нешто што е вообичаено за нашата елитна лига, ќе се игра во сабота. На 31 октомври (недела) ќе се одржи вториот круг од Локалните Избори 2021, и затоа мечевите од 12.коло ќе се играат еден ден порано.

Додека на 7 ноември (недела) е закажан стартот на подготовките на нашата репрезентација за мечевите со Ерменија и Исланд, па затоа 13 коло е закажано ден порано, во сабота на 6 ноември.

ПретходноФИФА за на 26 ноември ја закажа ждрепката за плеј – офот за пласман на СП во Катар 2022
СледноФановите на Феенорд нападнале претседател на германски клуб!