Роналдо официјално со најголем број настапи во Европските купови

97

Кристијано Роналдо сруши уште еден европски фудбалски рекорд, кој од вчера па натаму е во негова сопственост.

Настапот вчеравечер против Аталанта во Лигата на Шампионите, е 187 негов во европските фудбалски купови со што станува играч со најголем број на настапи. Го мина Икер Касиљас, легендарниот голман на Реал Мадрид и Порто, кој застана на 186.

Минатиот месец, Роналдо стана и играч со најголем број на настапи во Лигата на Шампионите. Со оглед на фактот што Кристијано Роналдо многу веројатно ќе игра уште две до три сезони, неговите рекорди тешко дека некој ќе ги надмине во догледно време.

 

ПретходноАлегри: Лоша игра, но добар резултат
СледноАнсу Фати и официјално верен на Барселона