И тоа го има во цивилизираната Европа. Имено во пресрет на вечерашниот меч од Конференциската лига меѓу Феенорд и Унион Берлин,фановите на холандскиот тим среде Ротердам физички го нападнале првиот човек на германскиот клуб, Дирк Цинглер.
“За среќа немаше некои потешки повреди. Никој не смета дека вакво нешто може да се случи“ велат од таборот на Унион Берлин.
А самата случка се одвивала во еден ресторан каде имало општа тепачка.
Како што и доликува, клубот домаќин,во случајот Феенорд, јавно му се извини на Цилер за сите непријатности што ги имал.
ФОТО: FC Feyenoord.com