Шоу на стартот на сезоната: Јокиќ како молња, Крис Пол немоќен (ВИДЕО)

292

Кошаркарите на Денвер дојдоа до голема победа на стартот на новата сезона во НБА-лигата, го совладаа минатогодишниот финалист Феникс со 110-98. Еден од најдобрите кошаркари во редовите на Нагетси беше Никола Јокиќ.

Српскиот репрезентативец средбата ја заврши со дабл-дабл од 27 поени, 13 скока, две асистенции и две блокади.

Јокиќ воодушеви со еден потег, кој брзо се рашири низ социјалните мрежи. Како молња претрча од кош на кош. Крис Пол можеше да го испрати само со поглед.

Резултати: Шарлот – Индијана 123-122, Детроит – Чикаго 88-94, Њујорк – Бостон 138-134 (прод.), Торонто – Вашингтон 83-98, Мемфис – Кливленд 132-131, Минесота – Хјустон 124-106, Њу Орлеанс – Филаделфија 97-117, Сан Антонио – Орландо 123-97, Феникс – Денвер 98-110, Портланд – Сакраменто 121-124.

ПретходноДодека ја славеше победата не примети што се случува зад него (ФОТО)
СледноМурињо го кажа својот став за Њукасл