Што се случи во Струга!? Христов замина, но некој „загина“!

11449

Зад нас се 1/8 финалните дуели од Купот на Македонија. Како и секоја година, како и секоја среда постои опасност од темпирана „бомба“. По подолго време и нашите натпревари во обложувалниците каде може добро да се „товари“. И како што бива и секогаш, така и сега.

Треба да се погледнат коефициентите за да се сфати играта, можната „игра без игра“. Во фокусот Струга и дуелот Струга Трим Љум со Борец. Убаво сончево време, два тима кои ги одмерија силите само неколку дена претходно во првенствена пресметка. Фаворит е домашниот тим, квота 1.65 за нивна победа, но и тоа не е некој чист „фикс“. И кога се се гледа нормално и чисто, следува „црвениот аларм“.

Неколку секунди по стартот на мечот. Но не само тоа „шок на шок“. Огромна уплата на победа на Струга Трим Љум да победи со два гола разлика, но пенал за гостите и нивно водство по само неколку минути игра. Борец води, нервоза на теренот и катастрофално судење. Главна свирка Дeјан Младеновски. Очај и беда која тешко е да се гледа. Збеснати домаќини, катастрофални одлуки, натпревар кој е излезен од контрола…

Од грешка во нова судиска грешка, па следи еден, па втор спорен момент, во кои нема пенал за домашните. И додека се случува целиот тој хаос во кој публиката гледа судиска лакрдија, таму некаде некој се поти, се препотува, но упорно оди со глава во ѕид. Се игра некаде 22 минута, а за победа на Струга Трим Љум со два разлика е квота 1,16! (принт скринот во склоп на текстот кажува се).

Тие што разбираат доволно знаат. Се очекува некој да ја отвори портата, но портата е цврста, јака, и непробојна…. Одбраната не се дава, голманот прави чуда! А некој упорно удира, удира, удира…. Се лупаат околу 60 до 80.000 евра за два разлика за Струга. Квотите лудо паѓаат, минутите одат ли одат. Босанчиќ израмнува со ефектен гол на 1:1, судиите продолжуваат да се дават во своето незнаење, Борец цврст како бетон а Струга јалово напаѓа но нема зрела шанса, зицер… Почнува вториот дел, натпреварот е веќе „замрзнат“ таму некаде во Азија. Минутите одат, голови два за домаќинот нема, на теренот хаос поради судиската лакрдија и незнаењето на Младеновски, натпреварот е излезен од контрола, мала утеха се 7-те минути продолженија но и тука нема ништо, нема победа од два гола разлика, има реми, па пенали и победа на Струга.

Некој јако удира со глава во бетон, губи огромна сума на пари за „тежок блеф“, „лоша дојава“, или „слаба координација“. Барем секогаш по ваквите „товарања“ се случува да дојде тоа што треба. А само неколку часа по овој дуел од клупата на Борец се повлекува тренерот Борче Христов. Можеби најсветлата фигура и човекот кој максимално професионално си ја вршеше својата работа. Зошто, како и кога!? Е тоа никој јавно не го кажува. Овој октомври не беше како ланскиот ноември кога два клуба направија хаос и тешка берба на евра по обложувалниците по Европа и Азија. За разлика од лани сега некој добро гледа!

ПретходноЖдрепката за 1/4 финалето во Купот на 2 ноември!
СледноДевојките со победничко селфи од Рига!