Лина Ѓорческа, убедливо нашата најдобра тенисерка, успеа да се пласира во 1/2 финалето на турнирот во Севилја. Таа во четвртфиналето беше подобра од Бугарката Изабела Шиникова со 2-1 во сетови, а во гемови 4-6, 6-3, 6-3.
Бугарската тенисерка беше одлична во првиот сет, но потоа Лина одигра како што знае и успеа да ги земе вториот и третиот сет.
Инаку Лина Ѓорческа во Севилја заедно со Тена Лукас, ќе игра и полуфинале во двојки.