Екипата на Борец вчера испадна во 1/8 финалето од купот на Македонија на гостински терен против Струга Трим Љум, па доцна синоќа направи и смена на тренерското место.
Борче Христов си замина, а нов тренер на тимот од Велес е Јане Николовски.
Екс македонскиот репрезентативец и интернационалец седнува на клупата на Борец во специфичен моменти, кога на тимот му се потребни бодови, за да може полесно да чекори подлабоко во сезоната, и да не стравува од најошото.
Николовски последно беше тренер во Слога Виница, а инаку беше на чело и на Победа, Хоризонт Турново….