Тимот на Јувентус синоќа потешко од очекувањата дојде до трите бода против екипата на Зенит во рамките од Лигата на Шампионите синоќа. Минималниот триумф од 0:1, е дело на Дејан Кулушевски, а тренерот на Јуве, Макс Алегри е свесен за аномалиите во играта, како на колективен план, така и на индивидуален.
„Мечот беше важен и добро е што победивме. Зенит добро се бранеше, а во последната третина направивме многу грешки. Дејствувавме премногу бавно и им дозволивме на домаќините опасно да не нападнат преку контра напади“, изјави Алегри па додаде.
„Дури и откако го преземавме водството, не го контролиравме натпреварот онака како што треба. Дефинитивно одигравме слабо, но резултатот е добар и не става во одлична позиција. Се надевам дека ќе одиграм добро викендот и повторно ќе победам, ова ќе биде совршена комбинација “, продолжи тренерот на Јувентус пред дербито со Интер.
Кулушевски е репрезентативец на Шведска, но нема многу натпревари во Лигата на шампионите. Тој треба да научи кога да го забрза темпото и кога да го забави. Неговиот талент е неоспорен, само треба да носи правилни одлуки во индивидуални ситуации“, изјави Алегри.