На празникот 23 Октомври: „Војводи“ и Комити“ најавуваат саботен спектакл среде Тетово!

572

Прво требаше во петок, па во понеделник, сепак дербито на Западот во ВМФЛ меѓу Тетекс и Вардар, меч од 8.коло, ќе се игра во сабота. Ова ни потврдија од таборот на Тетекс. Ова дерби на кое се очекува да има фанови и од двете страни, “Војводи“ и “Комити“, ќе се игра на Градскиот стадион во Тетово, впрочем како што и доликува на два големи наши клубови и две навивачки групи кои се едни од најголемите во Македонија, а и се збратимени.

Тоа значи дека нема да има два слободни дена за репарирање на теренот за дербито во ПМФЛ меѓу Шкендија и Рботнички кое се игра во недела.

Најинтересно е тоа што овој меч се игра на 23 октомври, на Денот на Македонската револуционерна борба. Се навестува дека “Војводи“ и “Комити“ пред мечот ќе имаат заедничко дефиле низ градот.

ПретходноНеверојатно: Арсенал се „засили“ со петгодишно дете!
СледноБраво девојки: Македонија ја “растури“ Летонија среде Рига!