Судии за ПМФЛ: Грујоски ќе ја дели „правдата“ на мечот Шкендија – Работнички

677

Познати се судиите за 11.коло во ПМФЛ кое е закажано за викендов. Мечот во Тетово меѓу Шкендија и Работнички ќе го суди Александар Грујоски од Кичево. Јован Качевски од Струга ќе им суди на Пелистер и Брегалница.

Инаку сите мечеви се играат во недела освен оној на Чаир меѓу Шкупи и Ренова кој е закажан за в сабота и тоа од 14 часот.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 11.КОЛО – НЕДЕЛА (14 Ч)

Македонија ЃП – Струга ТЛ (С. Трпчевски – Кавадарци)

Пелистер – Брегалница (Ј. Качевски – Струга)

Скопје – Тиквеш (К. Ѓорѓиев – Штип)

Шкендија – Работнички (А. Грујоски – Кичево)

Борец – А. Пандев (М. Ецкоски – Охрид)

САБОТА – 14 Ч

Шкупи – Ренова (И. Стојчевски – Скопје)

ПретходноЃорческа ја победи Шиникова се пласира во 1/2 финалето на турнирот во Севилја!
СледноСо лажен ковид пасош пробал да заигра во НХЛ