Нашата најдобра фудбалерска и репрезентативкс Наташа Андонова на вчерашниот квалификациски дуел против Летонија на гостински терен, во триумфот од 1:4 постигна ретко убав гол. Директно од корнер, во стилот на некогашниот наш репрезентативец ас, Артим Шаќири, кого вечно ќе го паметиме по евроголот од корнер во дуелот против Англија во Саутемптон.
Андонова изведе прекрасен удар од аголот на „втора“ и погоди онаму каде што реално и далеку поквалитетен голман од оној на Летонија не би можел да стори ништо.