Русите се избламираа: Галата со Нојер, Горецка, Кимих, Милер… а тренер Фатих Терим!

247

Повеќе од јасно е дека некогаш, пред се тука мислиме на стадионите, може да откаже. Но сепак тоа беше Москва, тоа е Русија. Сепак тоа беше и руска бламажа.

Имено синоќа пред дуелот од Лигата на Европа меѓу Локомотив Москва и Галатасарај, пред почетокот на мечот на семафорот имаше погрешни состави. Пред се оној на гостите. Па така во составот на Галатасарај беа Нојер, Горецка, Кимих, Милер и останатите мега – ѕвезди на Баерн Минхен, а нивни тренер, според семафорот на стадионот на Локомотив, беше Фатих Терим. Присутните само се изнаесмеаја, а грешката набргу беше поправена.

Се разбира никогаш тој состав нема да игра за Галата.

ПретходноЃорческа остана без финале во Севилја
СледноИзненадувачки: Барселона со неверојатна понуда за Мбапе!