Сампдорија 10 дена трага по својот фудбалер: Заминал за Холандија и веќе му нема глас!

553

Италијанската Сампдорија е загрижена. Клубот веќе 10 дена не може да го најде холандскиот играч за врска Мохамед Ихатарен. Весникот „Газета дело Спорт“ пишува дека 19-годишниот играч не е виден во тимот од 12 октомври.

„Газета“ пишува дека Ихатарен тој ден му се јавил на спортскиот директор на Самп, Даниеле Фаџано и рекол дека оди дома „од семејни причини“, но потоа веќе не се јавил. Всушност, во тој момент Мохамед веќе бил на пат кон дома, поточно во Утрехт, каде што живее семејството на фудбалерот.

Сампдорија е многу нервозна од ситуацијата, затоа што тимот има проблеми со повредите, а Ихатарен е потребен како опција во нападот. Засега нема одговор и од претставниците на фудбалерот, чиј менаџер е Мино Раиола.

Инаку, Ихатарен е фудбалер на Јувентус кој беше позајмен во Сампдорија. Всушност, Јуве ова лето го купи Мохамед од ПСВ за само 2 милиони евра. 19-годишен напаѓач имаше добра статистика и во 2020 година беше повикан во холандската репрезентација.

ПретходноНБА лигата објави: Кои се 75-те најдобри НБА кошаркари низ историјата? (ФОТО)
СледноМанчестер Ј. без Бруно Фернандеш за дербито со Ливерпул?