Солскјер: Не сме на нивото на Ливерпул

163

Манчестер Јунјатед во недела (17:30 часот) на „Олд Трафорд“ го пречекува Ливерпул во големото дерби на 9. коло во Премиер-лига.

Момците на Оле Гунар Солскјер во последно време се мачат, додека противникот гази се пред себе, оваа сезона нема загубено ниту еден меч. Избраниците на Јирген Клоп на последните пет меча постигнаа 18 гола, па одбраната на Јунајтед може да има голем проблем.

„Ливерпул е тим кој мораме да го стигнеме во секоја мисла. Минатата сезона бевме пред нив, но тоа е поради несреќни околности и бројни повреди кои ги имаа. Свесни сме дека треба да напредуваме доколку сакаме да го стигнеме нивното ниво од последните четири сезони и секако да оствариме добар резултат во Европа. Против Ливерпул мора да дадеме се од себе.

Минатата сезона беа така добри, но оваа одново се во најдобро издание. Јунајтед не беше првак осум години, но најважно е дека имаме играчи за напредок“, изјави предводникот на Јунајтед.

Ливерпул е на второто место на табелата со 18 бода, додека Јунајтед е на шестата позиција со четири бода помалку.

ПретходноЌатип Османи: Дуелот меѓу Шкупи и Ренова ќе биде вистинско, атрактивно дерби!
СледноЏенова и Пандев поразени во Торино, паднаа на претпоследно место