„Топчиите“ се распукаа против Астон Вила (видео)

120

По две ремија, фудбалерите на Арсенал запишаа победа во Премиер лигата. „Топџиите“ ја победија Астон Вила на свој терен со 3:1 во 9.коло на најсилната англиска лига. Парти го доведе Арсенал во водство, а во 45. минута Обамејанг зголеми на 2:0 откако ја смести топката во мрежата по одбранетиот пенал на Мартинез.

На стартот на вториот дел Смит Роув зголеми на 3:0, а во финишот Џејкоб Ремзи со својот прв гол во Премиер лигата го намали резултатот.

За Арсенал ова е четврта победа, а Астон Вила го запиша петтиот пораз.

ВО САБОТА (23.10.2021) ИГРААТ
ЧЕЛЗИ – НОРИЧ                13:30 ч.
КРИСТАЛ ПАЛАС – ЊУКАСЛ       16:00 ч.
ЕВЕРТОН – ВОТФОРД     16:00 ч.
ЛИДС – ВУЛВЕРХЕМПТОН           16:00 ч.
САУТЕМПТОН – БАРНЛИ              16:00 ч.
БРАЈТОН – МАНЧЕСТЕР СИТИ    18:30 ч.
НЕДЕЛА (24.10.2021)
БРЕНТФОРД – ЛЕСТЕР   15:00 ч.
ВЕСТ ХЕМ – ТОТЕНХЕМ 15:00 ч.
МАНЧЕСТЕР Ј. – ЛИВЕРПУЛ        17:30 ч.

ПретходноФудбалер се повредил па шест часа чекал да дојде брзата помош
СледноДел Пјеро и Де Роси земаа тренерски лиценци со највисоки оценки