Халанд го чека подолга пауза

231

Борусија Дортмунд во иднина ќе мора да се снаоѓа без својот најдобар фудбалер, Ерлинг Халанд.

Норвешкиот напаѓач го повреди колкот, па според зборовите на Ројс паузата ќе биде повеќе неделна. Халанд се огласи и на социјалните мрежи дека во следниот период ќе работи за рехабилитација.

„Време е да се насочам кој целосно опоравување. Ќе се вратам посилен“, напиша Халанд на својот „Твитер“ профил.

Неговото отсуство е лоша вест за клубот кој во моментот е втор во германското првенство, се наоѓа на еден бод за лидерот Баерн.

Халанд исто како и Роберт Левандовски оваа сезона постигна девет гола, со полскиот напаѓач го дели првото место на листата на стрелци. Ако ги земеме во предвид и останатите натпреварувања, Халанд има учинок од 13 гола на десет натпревари.

ПретходноДинамо Загреб и Македонија ја делат истата судбина!
СледноЃорческа остана без финале во Севилја