Џенова и Пандев поразени во Торино, паднаа на претпоследно место

98

Екипата на Џенова го доживеа петиот пораз сезонава и падна на претпоследната позиција на табелата во Серија А и таму ќе останат барем до одигрувањето на другите мечеви од 9.коло. Вечерва џеновјаните изгубија на гостувањето кај Торино со 3:2. „Биковите“ по првото полувреме имаа предност од два гола обезбедена преку Сарабија и Побега, во второто полувреме Дестро намали, но Брекало зголеми за домашните. Горан Пандев влезе во 80. минута, а веќе во наредната Џенова постигна гол преку Каиседо. До крајот остана тој резултат.

Џенова е во сериозна криза. Веќе пет кола не знае за победа, а лошите резултати ја турнаа при дното. Идното коло ќе и гостува на Специја. Торино е на 10. место со три победи, две ремија и четири порази.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноСолскјер: Не сме на нивото на Ливерпул
СледноФати Исмаили: Заедно со „шверцерите“ ќе ја победиме Ренова!