Српската интернационалка Ана Ивановиќ потпиша едногодишен договор со битолскиот одбојкарски суперлигаш Пелистер Волеј. Таа всушност е прва странска одбојкарка која ќе настапува во битолскиот клуб.
Ивановиќ свое деби пред домашната публика ќе го има утре, сабота и тоа против актуелниот шампион Јанта, а минатиот викенд беше прв поентер со 19 освоени поени во воведниот натпревар од сезоната, во кој Пелистер освои максимални 3 бода.