Арсенал остана без Сака за мечот со Астон Вила

82

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека играчот од средниот ред, Букајо Сака, може да го пропушти натпреварот со Астон Вила од 9. коло на Премиер лигата поради повреда.

„Букајо се уште не тренира. Тој мора повторно да помине низ прегледи за да се види каква е состојбата со него. Ова го решаваат лекарите и тој самиот. Мораме да видиме како ќе оди закрепнувањето. Сака постојано покажува колку е важен за тимот“, рече Артета.

ПретходноДалас и Милвоки доживеаја вистински бродолом (ВИДЕО)
СледноПо 183 дена: Несторовски се врати со тренинзи во Удинезе (ФОТО)