БРАВО, БРАВО ДИМИТАР. Предмалку Димитар Ѓорѓиев успеа со 3-0 во финалето на Светското првенство во кик бокс да го победи Никола Дробњак од БиХ.
Нашиот претставник според извештаите од лице место, во текот на целата борба бил надмоќен, едноставно си ја покажал сета своја класа и на крај победи.
Апсолутно заслужено!!!
Чиста доминација на Македонецот кој веќе неколку години е неприкосновен во ова натпреварување во светски рамки. Ова е негова четврта титула на Светските првенства во кик бокс.
Македонија има спортист со која се гордее!