Ван Дер Варт: Ако му е тешко на Куртоа да игра секој трет ден нека врати пола плата

252
Некогашната фудбалска супер звезда на Холандија и на многу европски великани од типот на Реал Мадрид, Рафаел Ван Дер Варт како коемнтатор на Лигата на Шампионите и тоа како добро го „спушти“ на земја голманот на „Кралевите“ кој во една своја изјава се пожали дека распоредот на мечевите е пренатрупан и дека на фудбалерите им е потребен повече одмор. ж
„Куртоа се жали на бројот на мечеви кои се играат? Епа штом е така нека врати половина од годишната плата која ја зема и нека оди на одмор шест месеци. Тој е професионален фудбалер и клубот и тоа како добро го плаќа за неговите услуги на терен. Тоа што го рекол е глупаво, платен е со милиони евра за да игра фудбал и тој се жали. Да, распоредот е густ но сите сме го минале тоа. Во таков случај повеќе проблем создаваат тренинзите отколку самите мечеви. Конечно, тој е голман и не знам зошто баш Куртоа се буни затоа што на мечевите тој во голема мера само стои“ – рече Ван Дер Варт.
ПретходноКога Адеми ќе “збесне“: “Лавот“ со сочни пцовки кон австриски новинар! (ВИДЕО)
СледноАндонова „како Шаќири“, гол од корнер против Летонија (ВИДЕО)